РАЗВЕДИ МЕ – Сули-ан, 24 јули, со почеток од 20.30 часот
Дали неверството мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор, со кој ќе го спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали после неверството сме засекогааш емотивно оштетени луѓе, кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат. Дали вреди да се продолжи бракот, заради децата? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа?
ИГРААТ: Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов.
Режијата, сценографијата, изборот на костими и драматизацијата се потпишани од Роберт Ристов.
Режијата, сценографијата, изборот на костими и драматизацијата се потпишани од Роберт Ристов.
Драматизацијата е работена по мотиви од сценарија:„Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“. Значителен дел од дијалозите во текстот, се авторски делови.
Во снимените видеа играат актерите: Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски -Чоре (таткото).
КОРЕОГРАФИЈА: Марија Бејкова
ФОТОГРАФИ: Фросе Левковска и Џенат Дрековиќ
ФЕСТИВАЛИ и ГОСТУВАЊА: Претставата освен низ Македонија, гостуваше и низ регионот и тоа во: Хрватско Народно Казалиште- Вараждин, (како дел од официалната програма на фестивалот „Тједан Смијеха на „Театар Керекеш“), „Театар САРТР“- Сараево, „Градско позориште Јазовац“- Бања Лука, „Културни центар“ – Шид, „Театар 78“ – Белград, Шабачко позориште – Шабац„Позориште и Младих“- Нови Сад

НАГРАДИ: „РАЗВЕДИ МЕ“ е добитник на наградата GRAND PRIX на „Фестивалот на дуо драмата” во Топола – Србија 2022 година.