Санкционирани се 252 возачи на мотоцикли, 9 мотоцикли одземени

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 252 возачи.

Од нив, 152 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 52 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…

За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци.

МВР апелирао сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.