СЈО ПОЧНУВА СО РАСПИТИ: ДЕНЕСКА СЕ НА РЕД МЕНДУХ ТАЧИ, САМКА ИБРАИМОВСКИ И СИЛВАНА БОНЕВА

Сподели

sjo raspit

Денеска во просториите на Специјалното јавно обвинителство треба да се појават лидерите на ДПА, Мендух Тачи и на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски, како и членот на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

 – “Согласно ЗКП лицата кои се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, кажа Јанева.

Од информациите во медиумите, во СЈО деновиве ќе треба да се појави и поранешната градоначалничка на општина Центар, Виолета Аларова, и други политичари.