Ракометарот на Вардар и на Македонија, Дејан Мансков кариерата ќе ја продолжи во редовите на Рајн Некар Левен, што значи по само 1 година тој повторно ќе игра во германската бундеслига.
Дејан Манасков пристигна во РК Вардар токму од Бундеслигата од Вецлар, но не успеа да се избори за поголема минутажа во тимот, најчесто играше во СЕХА лигата, додека во Лигата на шампионите на позиција лево крило играше русинот Тимур Дибиров.
Македонскиот репрезентативец, во Вецлар остави извонреден впечаток, поради што и челниците на најверојатно идниот германски шампион Рајн Некар решија да го ангажираат Дејан.
Челниците на Рајн Некар на левата крилна позиција го ангажираа и исландскиот ветеран Гудјон Валур Сигурдсон, кои треба да го заменат Уве Генсхајмер кој го напушти клубот.
The post По само 1 година во Вардар, Дејан Манасков се враќа во Германија! appeared first on Спорти.
Source: Sporty