Сите со големо неверување ја примивме веста дека еден од најтрофејните македонски кошаркарски клубови од Кавадарци, Еуро Никел (поранешен Фени Индустри) се откажува од Првата лига за сезоната 2023/24!
„МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци го откажува учеството во сите натпреварувања и категории во организација на КФСМ и сите членови на клубот, стручниот штаб и играчите во сите категории се ослободени од договорните услови со клубот да се приклучат во останатите клубови“, се вели во објавата на Еуро Никел.
Па така еден од најголемите расадници на кошаркарски таленти во државата и еден од најважните кошаркарски центри е пред гаснење со оваа одлука.
Пред неколку дена ФИБА му изрече суспензија на Еуро Никел за ангажирање на нови играчи, па и оваа вест придоне составот од Кавадарци едноставно да не може да ги издржи обврските, поточно финансиските проблеми и сега играчите се слободни да си најдат нови средини.
Фирмата Еуро Никел повеќе од 15 години беше спонзор на клубот кој во својата историја има три шампионски титули на Македонија, две во Купот и една титула во БИБЛ лигата.
The post Сите во неверување – Кавадарци останува без кошарка откако Еуро Никел најави згаснување! first appeared on .
Powered by WPeMatico