Ковачевски: Вчерашните инциденти се дело на хулигани

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање дали е примена дипломатска нота од Бугарија по вчерашните случувања пред фудбалскиот натпревар Шкупи-Левски, рече дека Министерството за надворешни работи е тоа коешто ги прима нотите и дека соодветно ќе биде одговорено.

– Тоа што вчера се случи беше резултат на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот и од едната и од другата страна. Министерството за надворешни работи ги прима нотите и соодветно ќе одговори на бугарската нота, изјави Ковачевски.

Според премиерот, фудбалот и кој било друг спорт треба да се остави на спортистите и на вистинските навивачи, не на хулиганите.

-Ако ги погледнете вестите на агрегаторите на вести, тогаш ќе видите се, освен колку бил резултатот на натпреварот. А, фудбалерите се дојдени да играат фудбал, заради вистинските навивачи. Тоа што вчера се случи беше уште еден доказ дека фудбалот и кој било друг спорт треба да се остави на спортистите и на вистинските навивачи, а не на хулигани кои потоа ги има на сите вести. Никој не зборува кој фудбалер како играл, туку сите зборуваат кои се тие хулигани кои се тепале меѓу себе, а повредиле и полицаец, на кој благодарение на докторите, повредата му е санирана и е пуштен на домашно лекување, изјави премиерот Ковачевски.