Вечерва во рамки на драмската програма на 63. издание на „Охридско лето“, ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, ќе ја изведе претставата „Декамерон“, од Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски.
Во претставата играат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов. Драматизација е на Лидија Митоска Ѓорѓиевска, сценографијата на Филип Јовановски а костимите на Јулијана Војкова-Најман
Претставата ќе се одигра на сцената на Долни Сарај, со почеток во 21:00 часот.