Промената на документите за идентификација, патните исправи, возачките дозволи и автомобилските таблички, која беше наметната поради промената на името на државата, стана тежок товар за граѓаните, кои веќе се потпрени до ѕид од економската криза, која е се подлабока. Ова условување ги натера граѓаните со право да реагираат, бидејќи имаат валидни документи и не се тие виновни што се импонира рокот за издавање на нови.
Демократското движење предлага, што е природно, трошоците за оваа „операција“ да бидат на товар на самата држава. Владата мора да одобри одлука за ослободување на граѓаните од дополнителни трошоци, а за оние кои веќе извадиле документи, да најде форми на надоместок. Граѓаните, од кои огромното мнозинство се на работ на економска и социјална катастрофа, најмалку се виновни за создавањето на оваа неповолна ситуација, се наведува во денешната реакција на Демократското движење.