Заврши петтиот Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”

Сподели

 

Со доделувањето на Повелбите за учество, во амбиентот на родната куќа на основоположникот на македонската литература за деца и млади, заврши петиот по ред, Балканскио поетски камп “Ванчо Николески”.

Младите литерати од Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Грција и Македонија, другаруваа три дена во Охрид, Струга (заедно со учесниците на СВП), Вевчани, Белчишта и Црвена Вода.

 

 

Mештаните им приредија впечатчлива “македонска трпеза” со народни специјалитети, додека подалечниот родина на славниот соселанец и претседател на Месната заедница, Војдин Николески, ги почести со природен мед, изваден од планински пчелни семејства. Тие, пак, како одговор ја збогатија збирката од документи и предмети во “Спомен собата” на Ванчо Никоилески, во некогашната училишна зграда каде прославениот поет бил и прв учител.

Претседателот на ДПМ, професор д-р Христо Петрески, остави рачна машина за пишување користена од Николески, а младите учесници, портрети и работни фотографии, добиени од Киро Донев, поетот и вљубеник во својот учител, чичко Ванчо Николески.

За младите поети, впечатлив настан беше и посетата на ликовната галерија “Ѓорѓија Целески“, создавана од учесници на Ликовната колонија “Дебрца” во Белчишта, најстарата во земјата и со најголема збирка oд околу 750 дела. Зоран Целески, син на основачот на колонијата, ликовнмиот уметник Ѓоко Целески, не штедеше време и напор да одговори на сите нивни прашања.

Благодарение на воспоставената повеќе годишна соработка со менаџментот, и вниманието од страна на претседателката на Управниот одбор, професор д-р Елизабета Шелева, односно директорот Тодорче Тасевски, беа дел од атмосферата и чинот на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и на предавањето на поетскиот портрет на лауреатот на светското признание “Златен Венец” на СВП, за 2023 година, Влада Урошеви  во охридската кадедрална црква “Света Софија”.

 

 

Таму, меѓудругите, ги поздрави и им посака, еден ден и тие да се најдат на тоа место како лауреати, претседателот на РСМ, Стево Пендароски, заедно со неговата сопруга Елизабета Ѓеорѓиевска Пендаровска.

Претседателот Пендаровски, секоја година, испраќа посебно Послание до учесниците. 

Веле Митаноски