Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи.
Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час.
Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.