Гаши: Власта во Будимпешта договори амнестија за Груевски

Сподели

 

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за Алсат изјави дека измените на Кривичниот законик се прават за да се амнестира Груевски и да се обезбеди поддршка за уставните измени. Тој обвини дека владина делегација била во Будимпешта и договорала лично со Груевски за кои предмети да биде амнестиран.

„Нашите информации се дека измените на Кривичниот законик биле договорени во Будимпешта и дека владина делегација и високи преставници на Министерството за правда отишле таму и заедно со Груевски ги разгледале предметите каде тој е осуден, во отсуство и и обвинет и ги разгледувале можностите како со овие измени во Кривичниот законик, тој да може да се врати во Македонија. За оние предмети за кои е осуден да се повтори судскиот процес а за другите да се амнестира или да застарат“, вели Гаши.

Гаши рече дека по изгласувањето на измените во Кривичниот законик се срами што е пратеник.

„Нашите информации се дека се прави игра што не е чесна воопшто, под превезот на уставните измени се сака да се врати Никола Груевски, тој кој го започна уништувањето на Македонија, нај анти-албанскиот премиер кој постоел некогаш. Сите знаеме како ги поминаа Албанците тие 10 години, колку злосторства, колку монтирани процеси, беа со потписот на тој премиер и сега некој да се обиде да го донесе тука бидејќи сака да прави раздор во друга партија за изборни причини и да остане и понатаму на власт. Мислам дека се допре веќе дното, мислам дека после ова што го направи мнозинството и сите пратеници кои ги гласаа промените во Кривичниот Законик, се предизвика цунами на разочарување на граѓаните и тоа не допре и нас, лично сум засрамен што сум политичар и пратеник“, вели Гаши.

Гаши тврди дека Ахмети ги молел меѓународните претставници за амнестија на Никола Груевски.

Алсат