Спасовски на Конференција на МВР во рамки на Берлинскиот процес во Тирана

Сподели

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во периодот од 13 до 15 септември 2023 година во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на  Конференција на министри за внатрешни работи, во рамки на Берлинскиот процес, каде што ќе се обрати во рамки на две сесии на теми “Интегрирано гранично управување на Западен Балкан”, “Регионална соработка во борбата против организиран криминал”, и “Партнерство за сајбер безбедност на Западен Балкан”.

Министерот Спасовски ќе оствари серија билатерални средби, со министрите за внатрешни работи од Република Албанија и Кралството Шпанија, Таулант Бала и Фернандо Гранде-Марласка Гомез, како и со директорката на Агенцијата на Европската Унија за обуки за спроведување на законот (ЦЕПОЛ), Мариа Монтсерат Марин Лопез.

На маргините на Конференцијата, министерот Спасовски ќе оствари средба и дружење со еминентни личности од Република Северна Македонија кои работат и делуваат во Република Албанија.