Седмо издание на фестивалот АртАреа/Артерија

Сподели

 

Започнува седмото издание на фестивалот АртАреа/Артерија, кој ќе се одржува во периодот 15-17 септември на две локации – МКЦ (16.9) и Буква (15 и 17.9). Годинава, по повод 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, фестивалот е фокусиран на градот Скопје.
 
Три фестивалски денови со по три настани во секој од нив, пет книжевни промоции на тројца македонски и двајца странски автори, промоција на стрип, поетско читање, два музички настапи и две изложби.
Локации на одржување: кафе-книжарница Буква и МКЦ
 

ПРОГРАМА:

(МКЦ галерија 15-17 септември) Изложба на поштенски разгледници, слајдови и урбанистички планови „Од Варшава до Скопје“

(Буква 15-17 септември) Изложба на фотографии „Pars-mea“ од Андријана Антова
15.09.2023 (Буква)
19:00 Промоција на „Мина“ од Игор Анѓелков (Или-или, 2023; промотори Ана Мартиноска и Максим Ристески)
20:00 Промоција на „Рудникот“ од Миодраг Мајиќ (Антолог, 2023; промотори Јордан Коцевски и Душко Крстевски)
21:30 Скопје радост ти ќе бидеш – музички радости со Марсо
 
16.09.2023 (МКЦ; Кино Фросина)
19:00 Промоција на „Рефлексии“ од Тони Димков (Бегемот, 2023; промотор Атанас Конески)
20:00 Промоција на книгата „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска (Бегемот, 2023; модератор Филип Димевски; учествуваат Кинга Нетман-Мултановска и Павел Вељаноски)
21:30 Џез концерт „Јузефчо трио“ (Филип Букршлиев гитара, Благојче Томевски бас кларинет, Нинослав Спировски тенор саксофон)
 
17.09.203 (Буква)
19:00 Пинг-понг промоција на стрипот „Скопје за почетници, добро упатени и понављачи бр.3“ од Ѓорѓе Јовановиќ и Иван Шопов (Бегемот, 2023)
20:00 Промоција на „Плачеш како кит“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2023; промотор Петар Андоновски)
21:30 Поетска епизода#7・Поетите за Скопје (организатор Култура Бета)