ДС: Нарушување на екосистемот е злосторство против природата и човештвото

Сподели

 

Демократскиот сојуз ги поддржува граѓаните од Гевгелија кои протестираат против изградбата на мали хидроцентрали на една од најубавите и најчисти реки во Македонија, реката Дошница на Кожуф. 

Со изградбата на хидроцентралите сериозно ќе се загрози биодиверзитетот.

Сите експерти се изјаснија дека со малите хидроцентали целосно се уништува растителниот и животинскиот свет, се загрозува природниот тек на реката, крајречната вегетација, се прави ерозија на екосистемот.

Тоа е злосторство против природата и човештвото.

Владата треба да ги послуша граѓаните и да ја запре постапката за изградба на ваков вид хидроцентрали насекаде во Македонија.