На третата меѓународна конференција Скопски економски и финансиски форум – CEФФ 2023 со наслов „Економска интеграција и економски просперитет“ организирана од Mинистерството за финансии, фокусот беше ставен на забрзаната интеграција на нашата земја и западниот Балкан.
Потикнувајќи ја синергијата на идеи и иницијативи од присутните кои се дел од креаторите на политики, политичките претставници, меѓународните партнери за развој, граѓанското општество, академската заедница и бизнис секторот ја потенцираа потребата за забрзана европска , регионална и економска интеграција.
На 4-та панел дискусија зема учество г-дин Трајан Ангелоски претседател на Сојузот на Стопански Комори на Македонија на тема “Глобални трендови и деловни можности”, акцентирајки го следното:
“Доколку навистина имаме искрена желба да се зачлениме во ЕУ , ќе мора континуирано напорно и амбициозно да се потрудиме, да ја развиваме нашата економија. Да се насочиме за долгорочен економски раст, фискална консолидација, подобрување на легислативата, да делуваме и заеднички да работиме на стабилен економски раст, поврзување и можност за долгорочен развој на нови ЕУ пазари, инвестиции во зелена технологија и обновливи извори на енергија, дополнително Европската и регионална интеграција силно влијаат врз развојот и работењето на бизнис секторот. Во моментов интензивно ни е потребна промоција и брендирање на нашите македонски производи и со тоа се зголемува конкурентноста на македонските производи .Еу како пазар е можност за сите како единствен пазар од 500 милиони луѓе,со тоа се зголемува пристапот до нови потрошувачи и се поттикнува економско јакнење на регионот”.
“Активно ќе продолжиме соработка со компаниите и заеднички ќе градиме поцврсти бизнис релации со потенцијални европски партнери се со цел за побрз развој на македонскиот бизнис сектор”,посочи преседателот на ССК Ангелоски.