Во рамки на проектот „ЕДУИНКЛУЗИЈА – Иновираме за секое дете“, тимот на СмартАп спроведува истражување за потребите на децата кои имаат потешкотии со комуникациските вештини, кои се вклучени во формалното образование.
Вие како родители и едукатори ја имате најважната улога во растот и развојот на своите деца и ученици. Ефективната комуникација со нивните пријатели/врсници им помага да изградат висока самодоверба и чувство на припадност и солидарност, без анксиозност.
Овој прашалник е креиран за да ги воочиме вашите размислувања за комуникациските вештини на вашите деца и ученици и нивната социјализација во средината во која растат и живеат.
Одговорите од овој прашалник ќе придонесат полесно да ја постигнеме нашата цел – да креираме ресурс кој ќе помогне во подобрувањето и олеснувањето на комуникациските вештини на секое дете.
Прашањата се однесуваат на начините и темите на комуникација на вашите деца и ученици со нивните пријатели и предизвиците со кои тие се соочуваат при меѓусебниот разговор.
Доколку сте родител на дете со потешкотии во комуникацијата, ве повикуваме да го пополните следниот прашалник, и да го споделите до пријател чие дете има отежнати комуникациски вештини.
ЕДУинклузија – Прашалник за родители
Доколку сте учител на дете со потешкотии во комуникацијата, ве повикуваме да го пополните прашалникот наменет за едукатори и да го споделите до вашите колеги во чиешто одделение има дете со отежнати комуникациски вештини. Дополнително, од големо значење за севкупниот истражувачки процес би било доколку го споделите и прашалникот за родители до родителите на тие деца.
Прашалниците се анонимни!