Законот за амнестија ја доби поддршката во владина постапка и за десет дена истиот закон ќе биде пред пратениците во Собрание. Тврдам дека ниту еден избран или именуван од страна на институциите нема да биде опфатен со амнестијата, исто така ниту семејното насилство и предмети врзани со семејно насилство нема да бидат дел од амнестијата. Значи се повторува законот од 2018 година, кога предлагач беа сите политички партии, со тоа што беше и ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, ДУИ, Алијанса и сите други политички партии кои се дел од Собранието, изјави министерот за правда Кренар Лога.
Oчекува поддршка од сите пратеници и политички партии, бидејќи, како што рече, ова не е за секојдневната политичка агенда туку, произлегува од неговата посета на затворот Идризово.
,, Видовите и сами дека државата не е на ниво, на тоа што го бара законот и на тие стандарди кои се дел од нашиот систем. Очекувам поддршка и освен албум со слики од мојата посета, ќе купам и огледало, за секој пратеник да се гледа пред да гласа за овој закон. Јас носам одговорност за условите за овие шест месеци, сите други треба да сносат одговорност од 1945, а особено од 1991 година” рече министерот за правда Кренар Лога.
Ако државата нема можност да ги рехабилитира лицата со помали тешки дела, тогаш, посочи Лога, тие ќе треба да се вратат дома како насилници или како криминалци.
“Не очекувам дека ќе биде блокиран, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ и другите партии ќе треба да се демантираат самите себеси од 2018 година. Законот е ист, не се додавани, туку се изземени кривични дела”, посочи Лога.