Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ вечер, 9 октомври, го отвора 7. Интернационален театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.
На 10 октомври, пак, во рамките на официјалната програма на 20. ИФАД „Стоби“, на сцената на „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес ќе се одигра претставата „Бакхи: Агава“. Претставата е работена според Еврипид и Тамара Барачков, a играат: Симона Спировска – Агава; Александар Михајловски – Пентеј, а актерите Григор Јовановски – Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија-Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови. Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Претставата е копродукциски проект меѓу „Перипетија продукција“ – Скопје, Македонскиот народен театар и Градскиот театар од Јанина од Грција.
Двете претстави се во режија на Нина Николиќ.