Операта во три чина „Турандот“ од Џакомо Пучини ќе биде изведена утре, 13 октомври 2023 г., со почеток во 20 часот во Националната опера и балет.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, кореографијата е на Саша Евтимова, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска.
Настапуваат: Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.