Чин на храбост: Докторка донираше матични клетки за да спаси живот на пациент

Сподели

 

На Клиниката за хематологија се реализираше значаен чин на храбост и човекољубие, кога млад лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој спасува живот на пациент, кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест.
 
Трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција.
 
По тој повод, министерот за здравство д-р Фатмир Меџити ја посети докторката, донор на матични клетки, на која и се заблагодари за храброста и несебична посветеност да спаси туѓ живот.
 
– Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток, изјави министерот Меџити.