Форум на жени на ДД: Мајките кренаа глас, ставете крај на ова зло на казина

Сподели

 

Жените од Демократското Движење денес го кренаа гласот против како што го нарекоа „злото“ што Владата им го донесе до нивните домови и семејства.

Во панел дискусија организирана со доктори, психолози и политичари се напомена дека дојдено е времето да се збори јавно и без ракави, да се покрене загрижувањето и да се алармира дека оваа Влада ни ги става во ризик нашите семејства, младината, им ја горат душата не само на една мајка туку на повеќе мајки.

 

 

Психологот Абдула Тачи рече дека коцкањето е пореметување на импулсот кој започнува како забава.

„Коцкањето почнува како забава, потоа тие што се коцкаат постепено ги отстрануваат сите нивни поранешни задоволства како: спортот, фудбалот и кога ќе се потрудат да се повлечат од оваа зло, сфаќаат дека не можат. Потоа, стануваат нервозни, ги искористуваат сите семејни финансии за коцкање, ги трошат нивните картици неоставајќи ни храна за децата и како крајност го сменат нивното однесување во целост, стануваат агресивни, нервозни и несакани, а за крај доаѓа следното пореметување, искористувањето на лагите“, кажа психологот Авдула Тачи.

Пратеничката Мерита Коџаџику кажа дека никој од опозицијата не е за одалечување на казината во растојание од 500 метри, туку тие целосно да бидат затворени.

„Владата ги има зближено казината до нашите домови, не 500 метри, туку 5 сантиметри, бидејќи онлајн казината се вметнати во нашите домови и семејства. Никој не е против да се одалечат 500 метри казината, но најдоброто за сите е тие да се затворат.“

Претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити апелираше до сите граѓани заедно да се бориме против ова девијација.

„Последната тенденција на ДУИ за злоупотреба на Европското знаме, беше во Комисијата за Европски прашања да го вметне Законот за казината, а во меѓувреме се носат одлуки од министрите на ДУИ за отварање на платформи за коцкање онлајн и брзи кредити, што всушност се легитимира лихварството. Ги повикуваме сите граѓани заедно да кажеме стоп за казината, како неопходна кауза за спас од оваа зло. Не 500 метри далеку, туку целосно затварање на казината.“, рече пред жените на ДД, претседателот Изет Меџити. Тој истакна дека од средбите со граѓаните констатирано е дека најдоброто решение е целосното затварање на казината.

 

 

На панел дискусијата беше кажано дека овој хаос не ги загрижува само политичките партии туку станато е општествено загрижување и проблем.

Во панел дискусијата учествуваа со соопштение: Мерита Коџаџику – пратеничка, Абдула Тачи – психолог, Афердита Кќику – психолог, Антигона Калаба – економист и Јасемин Шабани – телого.

Од Демократското Движење најавија дека ќе продолжат со следни активности за сензибилизирање на јавноста.