Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 311 возачи.
Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа 194 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.