Виктор Стојанов преку Фондацијата Македонија повторно провоцира

Сподели

 

Бугарската фондација „Македонија“ на Виктор Стојанов, на Фејсбук објави нова провокација, каде се вели дека доколку македонските граѓани  го променат презимето на „ов“ или „ев“ – ќе добијат 300 евра.

 

 

„Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: Вратете го вашето презиме во Ов/Ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија“.

Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените а за начинот како ќе ги подигнат парите ќе треба да ја контактираат Фондацијата.