Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до граѓаните од католичката вероисповед по повод големиот католички празник Сите Светци.
“Дозволете од име на Собранието на РС Македонија и од мое лично име да Ви го честитам големиот католички празник, Сите Светци, и да Ви посакам денот да го поминете во душевен мир, семеен спокој и во спомен на сите кои го напуштиле овој свет и со себе ги понеле сите спомени, сите убави и заеднички мигови на семејни, пријателски и соседски врски. Ви посакувам секој ден, а особено во овој период исполнет со предизвици за сите нас како и за целиот свет, да ја задржите вербата и надежта за да Ве водат кон подобро утре. Нека ве одликуваат скромноста, добрина и почитта кон другите.
Ви пожелувам да имате добро здравје и да го прифатите животот со сите предизвици што ги носи благонаклоно и со благодарност, како најголем дар.”