24 часовен МВР Билтен

Сподели

 

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (8 ноември) во гостиварско Чајле го привеле 32-годишниот Н.Д. од гостиварско Чегране. Тој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 08.11.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода А.П.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во домот со остар предмет го убил својот татко Б.П.(75) од Скопје. Смртт констатирал лекар од Итна медицинска помош.  По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкциja, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 22 мерки за неносење на сигурносен појас. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник…

Во рамките на акциска контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници спроведена вчера (8 ноември) од 06.00 до 11.00 часот, на улица „Маршал Тито“ Тетово било запрено и санкционирано патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое без потребните документи го управувал 62-годишниот С.Р. од тетовско Горно Палчиште. На С.Р. ќе му биде изготвен поднесок по член 284-а од Кривичниот законик. Покрај ова, со соодветни поднесоци биле заокружени и 9 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

На 08.11.2023 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен ксара“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.О.(55) од Кочани и патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.К. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 08.11.2023 во 21.20 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Т.(24) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.