Претставник од Кабинетот на претседателот на РС Македонија, по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, денеска положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алеата на заслужните граѓани во Бутел и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Северна Македонија.