Театарска претстава „Момчето со пругасти пижами“, 24 ноември, Македонски народен театар, со почеток од 20 часот
Жива слика за војната и нејзините ужаси низ призма на интензивен психолошки судир на архетипни карактери кај едно нацистичко семејство во окупирана Полска.
Длабоко скриени брачни тајни испреплетени со расизам, љубов и ксенофобија.
Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ се обидува да застане на браникот на колективната меморија на човештвото пред тоа да умре од цивилизациска деменција. Приказна за идиличен почеток на трагичниот крај.
„Кармата е загарантирана, а сегашноста никогаш не му простува на минатото“.