Герасимовски го осудува однесувањето на Левица во Собранието

Сподели

 

Демократијата не се искажува со насилство, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во емисијата “Само вистина” на Канал 5,  коментирајќи ги инцидентите во Собранието кои ги предизвикаа пратениците од Левица. 

“Невкусно и неубаво е во храмот на демократијата, во едно цивилизирано општество, некој на ваков начин да ги искажува своите идеи и размислувања. Целосно го осудувам ова недолично однесување. Ова не е начин на дебата и дискусија”, истакна Герасимовски. 

Според него, кршењето предмети  во Парламентот е недозволиво бидејќи сето она што е денеска уништено е сопственост на граѓаните. Демократијата и гласот може да се искажат на друг начин, смета Герасимовски, а не со кршење и деструкција. 

Градоначалникот на Општина Центар скандалот во Собранието го оцени како предизборен театар, наменет за популистички цели, ширење тензии и добивање евтини политички поени. Тој ги повика своите колеги градоначалници, но и политичките партии да се однесуваат одговорно и совесно, да работат во корист на своите граѓани, а не за свои лични интереси. Герасимовски посочи дека е клучно локалната власт да биде со граѓаните и да ги троши финасиите за општиот бенефит и развојот на општината, а не на луксузи. Тој истакна дека Општина Центар е стопроцентно транспарентна во тој поглед и се залага за нула денари трошоци за репрезентација, угостителски услуги и патувања во странство.