Месец декември Кинотека го започнува со филм на 35мм лента “АНГЕЛИ НА ОТПАД” во чест на Мето Јовановски
1 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч. АНГЕЛИ НА ОТПАД (Angels of Waste)
Игран филм, Македонија, 1993, 114 мин., колор, 35мм
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Томислав Османли (Tomislav Osmanli)
Улоги: Мето Јовановски, Мери Бошкова, Катина Иванова, Јосиф Јосифовски (Meto Jovanovski, Meri Boshkova, Katina Ivanova, Josif Josifovski)
Проектцијата на АНГЕЛИ НА ОТПАД е во чест Мето Јовановски, големиот бард на македонското глумиште. Во неговата богата петдецениска актерска кариера, Јовановски остави траен белег во македонскиот (и блаканскиот) театар, филм и телевизија. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и „Златната клапа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, наградата за животно дело на филмскиот фестивал „Балкан Панорама“ во Измир, во 2022, итн. Зад себе има оставено незаборавни улгои во повеќе класици на нашата кинематографија.
1, 2, 3, 4, 5, 6 декември, со почеток од 18 часот ТЕЛО (Тelo / Body)
Документарен филм, Словенија / Германија / Македонија
2023, 92 мин., колор, ДЦП
Режија: Петра Селишкар (Petra Seliškar)
Сценарио: Бранд Феро, Петра Селишкар (Brand Ferro, Petra Seliškar)
Улоги: Уршка Ристиќ, Бојан Ристиќ, Мија Ристиќ (Urška Ristič, Bojan Ristič, Mija Ristič)
Трогателна долгометражна приказна на режисерката Петра Селишкар која опфаќа две децении од чудесниот живот на Уршка, блиска пријателка на режисерката Селишкар, додека се бори со ретки автоимуни болести. Поранешен модел, а денес професионална пијанистка, Уршка се соочува со огромни предизвици, но никогаш не го губи својот нескротлив дух. Приказната обединува интимни разговори, лични архиви и креативни визуелни елементи за да ги истражи мистериите на човечкото тело и да ја разбере неговата суштина преку моќта на уметноста и пријателството. Бурно патување кон исцелување и самоприфаќање.