ЛИДЕРСКА СРЕДБА: ЌЕ ИМА ЛИ ИЗБОРИ ВО ДЕКЕМВРИ?

Сподели

lideri przino

За денеска во 13 часот во Клубот на пратениците закажана е лидерска средба на која ќе биде разгледано прашањето – дали има услови за одржување на избори во декември.

Лидерите на четирите партии – потписнички на Договорот од Пржино, треба да ги разгледаат условите, кои се исполнети од договорот што го постигнаа на 20 јули оваа година.

Од овој договор досега беа исполнети поголемиот дел од обврските. Пратениците ги изгласаа измените во Изборниот законик, во Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка и за Законот за Влада.

 Во изминатиот период ДИК го објави списокот со 39.502 спорни гласачи и имаше рок за пријавување, и беше формирано Ад-хок телото за медиуми.

Преостанува уште еден проблем, а тоа е што се уште не е постигнат договор за петтиот член на телото. Непознато е дали ќе се псотигне договор пред да започне лидерската средба.

Доколку биде постигнат договор за избори, СДСМ ќе треба да го каже предлогот за уредник на МТВ, како и преодни министри и заменици.