Таткото на Вања оддал информации кога таа излегува за во училиште, по што киднаперите ја грабнале уште во влезот од зградата во која живеела, изјави на прес-конференцијата која се уште трае, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничкат, а исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата, за дотогаш стореното кривично дело. Ќе сторам се ова лице, овој монструм, на кој му ја следиме трагата, час поскоро да биде изнесен пред лицето на правдата – кажа Спасовски и додаде дека се уште се трага по организаторот и главниот виновник за убиството на Вања.
Целта на киднапирањето било да се изнудат пари од мајката на малолетничката, од која после сите ќе имаат после корист.
– Жртвата од Велес немала никаква врска со малолетничката од Скопје, неговото возило е одземено и употребено во киднапирањето на малолетничката. Таа е земена од влезот од зградата, откако пртходно, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома.
Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27 11, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничкат,а исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата, за дотогаш стореното кривично дело…. – кажа Спасовски. Тој посочи дека ова се смета за изолиран случај на организирана банда која сакала да има корист за себе.
Од Обвинителство пак посочија дека во текот на вчерашниот ден се прибирани податоци, преку распит се откривале нови факти, и сметале дека јавноста треба да се извести штом ќе имаат целосна слика за тоа што се случило.
Додаваат дека не смееле да се дозволат семејствата на жртвите да дознаат за смрта на своите блиски преку меидумите или пак за инвовлираност на блиски од смејеството.
Затоа сакавме да ја известиме јавноста откако тие ќе бидат известени, но и откако ќе имаме целосна документација.