Државната награда „Мето Јовановски“ за 2023 година се доделува на платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и на хуманитарецот и основач на невладината организација „Донирај компјутер“, Борче Стаменов соопшти Министерството за култура.
Наградата се доделува за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Претседателка на Одборот е Александра Цветановска.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември 2023 година (недела) во 12 часот во Собранието на РС Македонија.