„Џингл белс симфонија“ предновогодишен концерт во Филхармонијата

Сподели

 

Во Филхармонијата вечер во 20:00 часот ќе се одржи предновогодишниот концерт „Џингл белс симфонија“ (Jingle Bells Symphony), на кој ќе настапат Сара Мејс и божиќните девојки (Sarah Mace & the Christmas Girls) и Камерниот оркестар на Битола.

Публиката ќе може да ужива во изведбата на песните: „Jingle Bells“, „Santa Claus is comin to town“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“, „Елко, елко“ и многу други.

Песните ќе бидат отпеани од вокалите: Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, зачинети со звуците на музичарите од Камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на Владимир Димовски.