Пендаровски: Христос се роди. Нека ни е честит Божиќ!

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото Раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според грегоријанскиот календар.

“Дозволете ми, на сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам големиот празник и да ви посакам празничните денови да ги поминете пред се во добро здравје, во мир, хармонија и љубов, исполнети со радост и среќа.

Божиќ како еден од најголемите и најсветлите христијански празници ни носи верба и надеж исполнувајќи ги нашите домови со топлина, а нашите срца со љубов. Токму на денот на Христовото раѓање да ја покажеме нашата добродетел и да бидеме солидарни и грижливи за нашите блиски. Да си даруваме љубов и внимание и да се почитуваме и помагаме.

Само сплотени и со длабока меѓусебна почит и заедништво ќе постигнеме просперитет и напредок на македонското општество.

Христос се роди. Нека ни е честит Божиќ!