Изложба на дела од Колонијата „Дрен 2023“ во Прилеп

Сподели

 

Изложба на дела од Ликовната колонија „Дрен 2023“, што се одржа годинава во јули по 15. пат, е отворена во ликовната галерија во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

На изложбата се претставени над 30 ликовни и скулпторски дела од уметниците: Павлина Копано, Славица Танеска, Александра Димитрова, Мирјана К. Масети, Дамјан и Елена Ѓуров, Стефан Анчевски, Благојче Наумоски-Бане, Методи Исков, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески, Филип Перески, Маја  Танеска, Тони Чатлески, Верче Николоска, Славчо Павлески, Габриел Димитровски,  Филип Ристески, Елена Пантелиќ и Марјан Стојаноски, кои остануваат трајно наследство за прилепскиот Центар за култура и за државава.

Фондот на дела создадени на Колонијата „Дрен“ во изминатите години веќе достигна над 400 творби од врвни уметници од земјава и од странство.

Со изложбата, што се реализира со поддршка од Министерството за култура, ЦК „Марко Цепенков“ ги заокружи програмските активности за 2023 година.