Илјада коледарчињата ќе го најават Христовото раѓање во Охрид

Сподели

 

Околу 1000 охриѓанчиња ќе бидат дел од годинашната Бадникова поворка што по традиција ќе се одржи  на Бадник оваа сабота,  ден пред големиот христијански празник Божиќ.

Пеејќи ја возобновената христијанска песна Вечниот Бог, со ѕвезди во рака коледарчињата ќе го најават Христовото раѓање. Поворката тргнува утрото во 10:30ч. од црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија. Во 11:30ч на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај бадниковата пештера  коледарчињата ќе ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков, заедно со советниците од Советот на Општина Охрид,  директорите на охридските јавни претпријатија  и останати функционери  кои ќе ги даруваат со пригодни подароци.

Предводници на поворката ќе бидат Ѓоко Танески и Христијан Настоски- Пајак.

Бадниковата поворка во Охрид која се одржува 11 година по ред е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е  поддржана од локалната самоуправа.