ДУИ ги принудува Албанците да ги вадат пасошите на македонски јазик!

Сподели

 

Денес 17 јануари 2024 година во Република Северна Македонија на Албанците не им е дозволено да имаат пасош на албански јазик. 

И ова се случува по повеќе од десет пати голема гордост на владејачката партија дека има донесено Закон за употреба на албанскиот јазик.

И покрај долгите чекања со денови, малтретирањето на нашите родители, старите лица, бремените жени, болните и на крај одговорот во шалтер е – НЕМА ПАСОШ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК.

Ова не е иронија, туку трагедија.

Почитувани граѓани издавањето на нови пасоши стана вистински кошмар за граѓаните на Северна Македонија. Целиот овој хаос има именител: неможноста на оваа влада да управува со овој процес, уште повеќе кога се знае дека рокот за издавање патни документи и лични карти истекува на 12-ти февруари. Оваа корумпирана влада не враќа во времето на комунизмот кога на Албанците им беше скратено секое право.

За жал, албанските граѓани кои мора да патуваат во странство се должни да извадат пасош на македонски јазик.

Овие долги редици не се случајни, ова се прави така што албанскиот граѓанин треба да повика некого да интервенира и на тој начин владата да го услови за уште еден глас, а вака се стимулира корупцијата која цвета во секоја пора од животот во нашата држава.

Европскиот сојуз за промена изразува длабока огорченост од овој кукавички однос на владата во заминување. Ние бараме да се преземаат итни мерки и да се престане со понижувањето на сите граѓани на земјата, особено на Албанците.

Европскиот сојуз за промена  предлага за да се елиминираат долгите редици, и да се поштедат граѓаните, МВР во соработка со Поштата на Северна Македонија да овозможи сите документи и лични карти да им бидат предадени на граѓаните преку пошта во нивните домови.

Промената доаѓа! Европски Сојуз за Промена