Вчера со полициски хеликоптер на МВР на лекување во Виена е прфрлен младиот Леонид Индов кој има тешки повреди на рбетот добиени минатото лето во Грција.
Беа реализирани хуманитарни акции да се соберат доволно средства за поефикасно лекување на Лео, а во Општина Центар учениците организираа базар и со средствата собрани учествуваа во акцијата за лекувањето на Индов.
“Лео, ти посакуваме успешно лекување, брзо да закрепнеш и да се вратиш дома.
Добротворната акција на нашите ученици не беше залудна, Леонид Индов денеска беше транспортиран во болница во Австрија каде ќе биде лекуван.
Благодарение на хуманоста која ја покажаа граѓаните и ефикасноста на државните институции ќе биде спасен млад живот.
Да останеме вака сплотени и да си помагаме во реализирање на хуманите мисии”, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горaн Герасимовски