Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница утре (вторник, 20 февруари), со почеток во 12:00 часот, ќе биде отворена изложбата на дела од 37-то издание на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“.
Во ликовната работилница, што се одржа во периодот од 20 до 27 јуни 2023 година во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, твореа 13 ликовни творци од: Швајцарија, Турција, Словенија, Полска, Бугарија и Северна Македонија.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура.