ФРАНЦИЈА: МАРИН ЛЕ ПЕН Е ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЧЛЕНСТВО НА ФРАНЦИЈА ВО ЕУ

Сподели

Претседателката на француската екстремно десничарска партија „Национален фронт“, Марин Ле Пен, денеска порача дека, доколку победи на претседателските избори во Франција во 2017 година, за кои се кандидира, таа ќе организира референдум за натамошното членство на Франција во ЕУ, јавуваат француските медиуми.

 -Британците ја избраа својата судбина и одлучија да ја напуштат Европската Унија. Се определија за независност… Таков референдум за членството на Франција во ЕУ и јас ќе организирам, бидејќи вие имате право на збор, рече Ле Пен во обраќањето до приврзаниците во североисточниот град Браше, пренесува весникот „Фигаро“.

Таа на Французите им порача дека можат „повторно да станат слободен, горд и независен народ“.

-“Можеме на Франција да и го вратиме местото кое и припаѓа во светот”, заклучи лидерката на француската екстремна десница.