Македонски автори учествуваат во првото одбележување на Денот на европските автори

Сподели

 

Македонските автори Билјана С. Црвенковска, Стефан Марковски, Санде Стојчевски и Марина Мијаковска учествуваат во првото одбележување на Денот на европските автори (25 Март) што годинава ќе се одржи во 40 земји кои се дел од програмата „Креативна Европа“.

Денот на европските автори го организира најголемата европска писателска федерација, „Европски писателски совет“, а во рамките на одбележувањето ќе има литературни читања, предавања и книжевни разговори во средните училишта низ Европа.

Марковски, Стојчевски и Мијаковска ќе го одбележат Денот на европските автори во средните училишта СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје, во присуство на ученици и нивни професори по македонски јазик и литература. Црвенковска ќе се сретне со учениците од ОУ „Александар Македонски“ во Скопје.