Народна Банка стана прв потписник на Финансискиот код за финансирање жени претприемачи во Северна Македонија
- Народна Банка на Северна Македонија и ЕБОР потпишаа Меморандум на разбирање.
- Потписниците се обврзаа да работат заедно на имплементација и промовирање на Финансискиот код за жени предприемачи.
- Финансискиот код за жени предприемачи е иницијатива на повеќе ентитети поддржана и од ЕБОР.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Народната Банка на Северна Македонија со задоволство известуваат дека Народна Банка е основачки потписник на Финансискиот код на жени предприемачи во Северна Македонија.
Народна Банка и ЕБОР потпишаа Меморандум за разбирање на настан во просториите на Народна Банка на 28 Март 2024, во Скопје, каде се обврзаа да работат заедно на имплементација на кодот и званично да го објават почетокот на истиот во Северна Македонија. Финансискиот код за жени предприемачи е иницијатива поддржана од ЕБОР, Финансиската иницијатива на жени предприемачи и националната коалиција на јавни и приватни ентитети. Кодот има за цел да го зголеми финансирањето на микро, малите и средни претпријатија управувани од жени. Како потписник за Северна Македонија, Народната Банка е горда што ќе овозможи лидерствово соработката со останатите домашни институции, со цел да ја подобри размената на информации и да превземе активности кои ќе помогнат да се отстранат ограничувањата и финансиските јазови за жените претприемиачи.
Финансискиот код за жени предприемачи е основан во 2017 година, од Светска банка со поддршка во вид на донации од 14 влади. До денес има дистрибуирано над 3 милијарди американски долари (2,8 милијарди евра) на над 150.000 бизниси управувани од жени во земјите во развој и оние со среден приход.
Ангеловска Бежоска, Гуренер на Народната Банка на Северна Македонија изјави: ,,Поддржувањето на бизнисите управувани од жени е круцијално во борбата за родова еднаквост. Централната Банка ќе биде активно инволвирана во образување на клиентите за можностите и обврските кои кредиторите ги имаат кон нив, како и за обезбедување на информации за кредитирање на компаниите управувани од жени, кои ќе придонесат кон подобар пристап на жените претприемачи во финансирањето”.
Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија истакна: ,,За нас во ЕБОР, промовирањето на родова еднаквост е еден од врвните три стратешки приоритети, а поддршката на жените претприемачи е клучен дел од тоа. Финансискиот код на жени претприемачи е неверојатно интересна можност за катализирање на постоечките напори во оваа област. Ни претставува задоволство да соработуваме со Народна Банка на Северна Македонија”.
ЕБОР и Народна Банка ќе работат заедно во зголемување на бројот на потписници на Кодот, обезбедувајќи ентитети кои даваат финансиски услуги, поттикнувајќи соработка со креаторите на политиките и другите играчи во еко системите, за да ја го зголемат генерирањето на податоци за родовата застапеност кај МСП, и да промовираат користење на креирани политики и производи кои се добри за микро, малите и средни препријатија, управувани од жени.
Северна Македонија се приклучи на ЕБОР во 1993 година. До денес има инвестирано над 2,6 милијарди евра во над 180 проекти, од кои скоро половина во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е да ја поддржи конкурентноста, зелената транзиција и натамошната интеграција во регионалните и глобалните пазари.