Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 52 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за управување под дејство на алкохол…
МВР апелира граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.