𝗕𝗢𝗜 𝗔𝗞𝗜𝗛 и 𝗞𝗨𝗧𝗨 на ОФФест

Сподели

NIELS BROUWER acoustic and electric guitars
MONICA AKIHARY vocals, bass kalimba and electronics
NORA MULDER portative organ
SEKOU DIOUBATE kora
BINTOU KOUYATE percussion
DODO KIS recorders

Повеќе од 25 години, пејачката и текстописец Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Браувер се срцето и душата на Boi Akih.

Безграничната љубопитност ги наведува на нови експерименти и откритија. Така, тие денес ги чувствуваат блиски музичките традиции од сите страни на светот – од модерен џез до класична Индиска музика, од Меланезиска, Африканска и Европска фолк до импровизирана музика. За музичарите, сите овие различни традиции и влијанија не се крајна дестинација, туку инспирација и почетна точка за музички развој. Тие можат да се забележат во бојата и текстурата на нивната музика, во сложените композиции и слободната импровизација, во употребата на вокалот и техниките на свирење, во смелите формации, а исто така и во необичната збирка на инструменти што ги користат – често изработени од нив самите и соодветно прилагодени на нивните индивидуални музички идеи. Уникатниот звук на Boi Akih произлегува од постојаната интеракција меѓу музичарите и изворите од кои тие црпат.

Овој звук, изненадувачки нов, а сепак целосно препознатлив, ги обединува акустичните звуци и електронските звучни пејзажи со сестраниот, топол глас на Моника Акихари, која понекогаш пее на Англиски, а понекогаш на Харуку, јазикот на островот на нејзиниот татко. Во музичките проекти на Boi Akih, нивните длабоки, лични музички истражувања резултираат со хармоничен спој на навидум некомпатибилни звуци, ритми и тоналитети, поништувајќи ги границите помеѓу старото и модерното, помеѓу музиката, приказната и поезијата и помеѓу Истокот, Западот, Северот и Југот.

𝗞𝗨𝗧𝗨 (Ethiopia/France)

THÉO CECCALDI violin
CYRIL ATEF drums
VALENTIN CECCALDI bass
AKEMI FUJIMORI-POIVRE keyboards
HEWAN GEBREWOLD vocals
MATHIEU PION sound

KUTU се формирани во Адис Абеба кадешто францускиот виолинист и композитор Тео Секалди, повеќеслоен импровизатор и славна музичка фигура на класиката и џезот во својата земја, го откри симбиотскиот глас на етиопската рок-пејачка Хејван Гебрeволд, добро позната на градската вибрантна андерграунд музичка сцена по нејзиниот акробатски вокал и елегантни движења, како дел од 10-члениот рок бенд Јано. Заедно, тие се впуштија во авантура на создавање на нов импровизаторски концепт кој ги спојува Азмари и Етио-џез корените со поезијата и грувот на светската урбана култура. Тоа е патување низ возбудливите ноќи на подземната Адис Абеба во 2020 година, каде што хиперактивната младина ги користи музиките на претците за подобро да се ослободи од нив.

Од поезијата на денешницата и селекцијата етиопски племенски ритми, Тео Секалди гради сончев систем во кој се соединуваат импровизацијата, галопирачките вокали и панк енергијата, со поддршка на моќна ритам секција и постава со заразна енергија: електро- вселенски клавијатури, древни перкусии, хипнотичен бас, заносен танц и небески гласови. Блескав етиописки транс состав, во кој слободата на џезот проникнува во суровата длабочина на Азмари звукот. KUTU пленат и раздвижуваат со екплозија од волшебни ритми и енергија, наметнувајќи возбудлив танц, своевидна ведра духовност! Во Етиопија бендот се третира како еден вид НЛО поради својот речиси вонземски звук.