Од утре ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред

Сподели

За време на велигденските празници, односно од утре, петок (3.05.2024 год.) до понеделник (6.05.2024 год.), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, информираат од ЈСП.

Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре, петок (3.05.2024 год.) ќе сообраќаат по саботен возен ред.

РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ

Утре, петок (03.05.2024 год.) и в недела (05.05.2024 год.), од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Во сабота (04.05.2024 год.) сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела (6.05.2024 год.) за сите е неработен ден.

РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧНИЦА  

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник (06.05.2024 год.), другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.  

Ве потсетуваме дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.