Албанскиот театар вечерва со „Диво месо“ гостува во Тирана

Сподели

Албанскиот театар од Скопје вечерва, со претставата ,,Диво Месо“  од Горан Стефановски, гостува во театарот ,,АрТурбина“ во Тирана.

Режисер на претставата е  Мартин Кочовски, а во претставата играат Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Дритеро Аме, Џевдет Јашари, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Генци Мирзо, Хетем Етем, Ментор Курти и Арбен Расими. Сценографијате а на Енес Деари, костимите на Едлира Кишка, а музиката на Оливер Јосифовски.

Претставата е во рамки на програмата на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана.