Претседателката Гордана Силјановска Давкова имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, информираат од кабинетот на македонската претседателка.
На средбата претседателката Силјановска Давкова се заблагодарила за упатените честитки од челниците на Европската Унија, по повод нејзиното стапување на функцијата и изразила подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата, истакнувајќи ја значајноста на делегацијата како своевиден координатор на активностите на ЕУ во земјава.
-Претседателката Силјановска Давкова посочи на потребата за напредок во процесот кон членство во Европската Унија, како стратешка цел на државата и определба на мнозинството од македонските граѓани. Нашата иднина, според претседателката, несомнено е во Европската Унија, а местото на нашата држава е на иста маса со европските земји со кои нѐ обединуваат историски, културни и морални традиции и вредности, се вели во соопштението од кабинетот на Силјановска Давкова.