Камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“

Сподели

Во рамките на 52. „Мајски оперски вечери“  вечерва (28 мај), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ.

Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, акапела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада.

Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек.

Настапуваат оперските пејачки Штефица Грасели, Тереза Плут, Катја Конвалинка, Ирена Јебуах Тиран, Барбара Јернејчиќ и Ања Земљариќ.