ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА РАБОТИЛНИЦИ НА ТЕМА „ЖЕНСКИ ПРАВА И СЛОБОДИ“

Сподели

we-all-can-do-it-612x420-702x336

Центарот за младински активизам „Крик“ објави повик за учесници на работилници кои ќе се реализираат во Скопје во септември 2016 година. Младинската програма е наменета за мешана група на млади лица на возраст од 17-27 години (млади лица со типичен развој и млади лица со попреченост).

Програмата е продолжување на активностите од проектот Standard Protocol Procedure кој е склоп на обуки финансирани од програмата Ерасмус +. Основните цели на проектот се адаптирање на програми според потребите на учесниците во мешани групи. Првата активност беше обука која се случи во месец јули во Австрија каде младинските работници споделуваа искуства и учеа како да ги прилагодуваат програмите за работа во мешани групи. Наредна активност се овие работилници по што следи евалуација на работилниците кои се спроведени.

Темата на делување се женските права и слободи. Предавањата ќе започнат со краток историјат на женската борба за економска, политичка и социјална независност, за потоа да се направат компаративни анализи на ситуација на овие три полиња во 21 век.

Цели на програмата се едукација на младите за најважните теоретски и историски случувања во однос на женските права и слободи, мерење на пулсот на младите луѓе во Скопје и нивните перцепции во однос на состојбата и перспективите на женското прашање во Македонија, утврдување на нови методи и концепти за работа со млади на тема женски права и слободи.

Првата работилница е предвидена да започне на 17 септември, 2016 година. Вкупно ќе се реализираат четири работилници со времетраење од четири часа. Последната работилница ќе се реализира на 30 септември, 2016 година.

Работилниците ќе се одржат во канцелариите на „Крик“ во Стара Чаршија (Безистен). Предавач е Маријана Јанческа, искусна младинска работничка која работи со млади повеќе од 5 години.

Работилниците се базирани на методи и техники на неформалното образование и вклучуваат работа во групи, креативни методи и сл.

Доколку сте заинтересирани да учествувате на програмата аплицирајте тука не подоцна од  15 септември 2016.

Временска рамка на работилниците:

17.09.2016 Работилница 1 Женски права и слободи, речничко дефинирање и краток историјат

23.09.2016 Работилница 2 Пионерки и патиштата кои ги изградија

24.09.2016 Работилница 3 Женското тело како поле за борба

30.09.2016 Работилница 4 Моментална состојба, предизвици и перспективи

Дополнителни прашања за програмата може да се постават на infokrikcenter@gmail.com