Трето издание на Фестивалот на проза во Куманово

Сподели

Во  Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска и утре (30 и 31 мај) ќе се одржи третото издание на Фестивалот на проза.

На Фестивалот покрај домашните писатели, ќе има гости од Бугарија, Србија и од Црна Гора. Во рамките на Фестивалот се планирани работилници за најмалите, работилница за креативно пишување,  како и дискусија за прозата.

Меѓу учесниците се писателите Фросина Пармаковска, Хана Корнети, Петар Денчев, Бојан Кривокапиќ, Никола Николиќ, Лилјана Пандева, Билјана Црвенковска, Арлинд Фазири, Пламен Тотев, Владимир Јанковски.

Фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура.